По повод Светскиот ден на животната средина, Општина Центар се приклучи на големата глобална еколошка акција за заштита на почвата.
Во соработка со Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени, младите денеска преку креативни работилници се едуцираа за значењето на почвата, заштитата на природата, негувањето на биодиверзитетот, правилното рециклирање.
Учениците на ООУ „11 Октомври“ беа задолжени во саксии да засадат семиња од цвеќе, а потоа да продолжат да го наводнуваат и негуваат, со што директно се запознаа со важноста на почвата и процесот на садење.
Одговорноста за животната средина, подигањето на еколошката свест и грижата за околината се нераскинлив дел од образовниот процес и нашата иднина.