Активности, Образование|

Со силна порака – Не на насилството, ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци“ го прослави патронатот, одбележувајќи 55 години успешна работа во образовниот процес.
Преку театарска претстава, учениците порачаа дека секој конфликт може да се реши со пријателски разговор, простување и емпатија, лекција која ни е потребна и на нас возрасните.
ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци“ останува училиштен бренд со кој Општината со право се гордее. Училиште што се истакнува со врвен наставен и стручен кадар и создавање нови квалитетни генерации.
Нека ви е честит Денот на училиштето!

Comments are closed.

Close Search Window