ПОВТОРНО УНИШТЕНА УРБАНА ОПРЕМА И РЕКВИЗИТИ НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ
Во текот на изминатите денови непознати сторители повторно уништија дел од урбаната опрема во Капиштец , Водно и Дебар Маало. Станува збор за клупа и дел од реквизити од детските игралишта „Партение Зоографски“, Славка Недиќ и новото игралиште близу т.ц Зебра. Искинати се кабли и уништени се лулашки и огради, а со тоа и оневозможена е детската игра за најмалите.
Ги повикуваме поединците и групите вандали да престанат.
Детските игралишта ноќе се користат како места за собирање и консумирање алкохол, а наутро општинските служби чистат искршени стаклени шишиња и разлетани срчи. Затоа ги повикувам родителите да внимаваат на однесувањето на своите деца.
Ги повикуваме и институциите, Министерството за внатрешни работи почесто да излегува на терен, постапува по пријавите од граѓаните и ги санкционира ваквите девијантни однесувања.