Службите на Општина Центар повторно ги заменија или реконструираа искршените реквизити на детското игралиште близу т.ц Зебра кое беше искршено пред неколку дена. Покрај ова искршени се реквизити и на игралиштата „Партение Зоографски“ на Водно и Славка Недиќ во Дебар Маало кои ќе бидат реконструирани следните денови.
Навистина е жалосно што наместо за нови проекти за граѓаните или нови детски или спортски игралишта за децата општината за реконструкција на демолирани игралишта и урбана опрема годишно извојува од 3 до 5 милиони денари. Уште полошо е што ова е слика на нашата младина и образот на иднината. Се надевам дека со родителите кои се главната алка во воспитувањето но и подршката од граѓаните и институциите ќе успееме да ги надминеме овие проблеми.
Уште еднаш повикуваме на подигнување на свеста за заштита на урбаната опрема и детските и спортски игралишта.