Активности, Урбанизам|

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадени правосилни одобренија за градење, доградба и надградба и линиска инфраструктура на територијата на Општината.

Од месец ноември 2023 година, заклучно со мај 2024 година, издадени се вкупно 19 правосилни одобренија за градба, од кои 17 се одобренија за градба и 2 одобренија за доградба или надградба.

Општина Центар е прва Општина во државата која воспостави практика со објавување на издадените одобренија за градење, поставувајќи позитивен пример и за останатите општини, како во Скопје, така и во целата земја.

Полугодишен извештај за одобренија за градба

Comments are closed.

Close Search Window