Животна средина, Комунални дејности|

Денеска на неколку локации го чистевме просторот околу контејнерите. Апелираме до граѓаните да бидат совесни и да го фрлаат ѓубрето во садовите за отпад, а не покрај нив.

Ваквото однесување го загрозува јавното здравје и претставува опасност од ширење заразни болести.Чистевме со цистерна на улица „9 Мај” и „Христо Смирненски”, наводнувавме на Зелено пазарче и Сквер Јадран.
Исчистени и освежени се и други локации во општината.

Замолуваме уште еднаш, грижете се за хигиената и чистотата на јавните површини како што тоа го правите во вашите домови.

Со ваша помош и соработка можеме многу!

Comments are closed.

Close Search Window