Активности, Спорт и млади|

Волонтерството и воннаставните активности не носат само ново знаење, туку градат нови пријателства, тимска работа, комуникациски и лидерски вештини. Вчерашниот завршен настан на Алумни асоцијацијата беше уште една можност каде младите ги покажаа своите способности, капацитети и амбиции.

Таму градоначалникот Горан Герасимовски  го најави и нашиот проект „На одмор сум, во Скопје сум“, кој Општина Центар на 25 јуни ќе го организира на повеќе локации, во Паркот Капиштец и во Паркот на Франкофонија. Сите оние кои ќе останат во Скопје може да ги посетат театарските претстави, едукативните работилници, концертот со Стела и Сани и други популарни детски музички бендови, како и спортски активности со кошаркарите од Работнички.

 

Comments are closed.

Close Search Window