Животна средина|

На барање на граѓаните денеска кастревме во Капиштец.
По акцијата на нашите служби, зеленилото покрај патеките во населбата е уредено, а гранките веќе не го попречуваат движењето по тротоарите.
Во овој летен период редовно се грижиме за средување на густата вегетација во општината за да имаме прегледна и чиста зелена површина. По пријава на жителите, расчистивме и мала депонија на улица Козара. Го собравме кабастиот отпад, што некој го фрлил најверојатно по реновирање, иако имаме и служба и активен телефонски број за преземање вакви акции.
Пријавете го секој проблем од јавната чистота на бројот 076350767.

Comments are closed.

Close Search Window