Прозорецот на куќарката е искршен и украдени се алатките и опремата што ја користат нашите хигиеничари.
Внатрешноста е целосно демолирана. Штетата е проценета на 70.000 денари. Кражбата ја пријавивме во МВР, по што е направен и увид.
Побаравме од полицијата да ги засили контролите во населбата, со оглед на многубројните пријави и реагирања на граѓаните за ноќното движење и вандализирање на јавните објекти во Капиштец.
Ваквите инциденти и појави ги вознемируваат жителите, а ги охрабруваат хулиганите, бидејќи нема ниту казни ниту санкции.
Работата на полицијата е да ги санкционира сите оние што го загрозуваат и нарушуваат јавниот ред и мир и го уништуваат заедничкото добро.
Агресивното однесување, вандализирањето и кражбите не смеат да поминуваат неказнето, а сите вакви немили случаи мора навремено да се расчистуваат.