Јавен повик, Животна средина|

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за купување велосипеди, е-велосипеди и е-тротинети во 2024 година

 

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар – Скопје, за купување нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2024 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар – Скопје за 2024 година (”Службен гласник на Општина Центар- Скопје” број 18/2023), Општина Центар – Скопје се грижи за поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до велосипед, е- велосипед и е-тротинет!

Јавниот повик е отворен од 05.07.2024 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар – Скопје.

Со Јавниот повик “Цел Центар на точак”, Општина Центар – Скопје ќе ги субвенционира полнолетните жители на општината со 30% од цената, но најмногу до 3.000 денари, за купен нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет почнувајќи од 01.06.2024 година, при што е потребно да се достават следниве документи:

  • Барање за субвенција за купување на нов велосипед, е-велосипед и е-торитинет (достапно е во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака бр.6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје centar.gov.mk.)
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик. По доставувањето на документите, на предлог на комисија, Градоначалникот на Општина Центар – Скопје носи решение за усвојување, односно известување за неусвојување на барањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Барање за субвенција на нов велосипед 2024

Барање за субвенција на нов е-велосипед и е-тротинет 2024

 

 

Comments are closed.

Close Search Window