Пензионери|

Денес градоначалникот Горан Герасимовски оствари средба со претседателот и секретарот на Здружението на пензионери во Општина Центар.
Разговараа за нови локални политики кои планираме да ги имплементираме во наредниот период, како и за проекти што ќе им овозможат нови услови и безгрижни пензионерски денови.

Со пензионерите во Центар имаме успешна соработка, а во најава е нов јавен повик за проектот „Нега за стари лица”, проект којшто во општината се реализира веќе 8 години.

Comments are closed.

Close Search Window