Вандализмот и деструкцијата кај младите е проблем што мора да се адресира со соодветни законски решенија и стратегија. После она што го видовме на снимките од игралиштето во Капиштец со право секој од нас ќе се запраша постојат ли казни или санкции за сторителите, а ако се тие малолетни, за нивните родители?
Затоа градоначалникот реши да покрене иницијатива, која ќе биде доставена и до Зелс. Го задолжи правниот сектор и секторот за јавни дејности да изготват предлог измени во законите од доменот на деца , родителството, основното и средно образование, малолетничката деликвенција, се со цел да се подигнеме свеста и да воведеме мерки за ресоцијализација на младите и нивните родители преку воведување општо корисна работа.
Агресивноста и девијантното однесување кај младите бара поширока кампања. За таа тема градоначалникот разговараше и со стручни лица, универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова и училишниот психолог Марија Блажева.
Се согласија дека е потребна општа мобилизација и работа не само со децата, туку и со родителите за да постигнеме резултати.