Активности, Комунални дејности|

На температури кои надминуваат 40 степени со цистерна започнавме да миеме улиците и во ноќните часови. Синоќа се миеше улиците Козара, на Водно и во населба Пролет. Миењето на улиците особено на вака високите температури ја освежуваат околината но и ја мијат насобраната прашина која ја вдишуваат граѓаните.
Воедно се мие и околу контејнерите каде поради високите температури се случува побрзо размножување на бактериите кои се опасност по здравјето на граѓаните.
Покрај освежувањето и миењето на улиците секојдневно од 11 до 15ч Општинската организација Црвен Крст дели вода за минувачите и граѓаните на автобуските постојки.

Comments are closed.

Close Search Window