Активности, Образование|

Горди сме на успехот и постигнувањата на нашите талентирани ученички Петра Митровиќ, Ада Богоевска и Ева Малинова
Со своите меѓународни музички настапи, тие го промовираат не само своето училиште „Коле Неделковски“, туку и општината и државата во светски рамки.
Финансиската поддршка што им ја доделивме ќе биде искористена за нивните претстојни концерти.
Ада како солист на виолончело ќе настапува на концерт во Њујорк, Ева ќе не претставува на фестивалот во Унгарија, а Петра ќе учествува на финалниот натпревар по клавир што ќе се одржи во Франција.
Доделените средства се одобрени преку проектот ,,Поддршка на ученици за учество на меѓународни натпревари“ на Општина Центар.

Comments are closed.

Close Search Window