Со претставниците на Министерството за економија и труд разговаравме за можните законски измени со цел да се надмине проблемот со локалите на ул. ,,Народен фронт”, за што петиција доставија жителите на Капиштец. Договорено е нашите правници да поднесат конкретни предлози за подобрување на законската рамка. Во таа насока, очекувам соработка не само со надлежните институции и министерства туку и со самите граѓани, кои секогаш се добредојдени во општината со своите сугестии и мислења. И во наредниот период продолжуваме со работните состаноци со сите институционални фактори за да се изнајде долгорочно решение за проблемот со прекумерната бучава и нарушување на јавниот ред и мир.
Last modified: 19/07/2024