Активности|

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во вчерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 изјави дека една од мерките за намалување на вандализмот и уништувањето на урбаната опрема е вклучување на лицата во општествено одговорна работа и поправка на истите. Во оваа насока и правниците во општината подготвуваат предлог измени на неколку законски решенија со цел намалување или стопирање на дивјачкото однесување на детските игралишта и кршењето на урбаната опрема.

„Нашите правници овој летен период во соработка со стручни лица отпочнуваат подготвување на законски измени, членови во одредени закони како што е Законот за родителство, Законот за основно и средно образование, малолетничка деликвенција. Целта ни е да се стават поголеми казни во делот на нарушувањето односно уништувањето на јавното добро. Целта ни е да преку општествена одговорна кампања да ги социјализираме младите и не само младите туку тука да се вклучат и нивните родители. За секој оној кој ќе направи штета на било каква урбана опрема на зеленило, на осветлувањето кое што многу често ни се случува кај детските игралишта да преку општествена одговорна работа го санира сето тоа се со цел ресоцијализација и подигнување на свеста и кај младите и кај родителите“, истакна Герасимовски.

Тој во своето гостување напомена дека за решавање на проблемот со вандализмот неопходно е вклучување на родителите и сите други институции.

Дополнително преземавме неколку иницијативи, имавме неколку средби со социолози и психолози, луѓе стручни во фелата за заедно да отпочнеме одредена кампања која што ја планираме од месец септември со самиот почеток на учебната година, каде што ќе се прават трибини, обуки и на децата и на родителите за подигнување на свеста“, заврши Герасимовски.

Comments are closed.

Close Search Window