Допрецизирање на законите и на подзаконските акти што ќе ги зголемат обврските за угостителските објекти, а на општините ќе им дадат поголеми ингеренции за справување со нарушувањето на јавниот ред и мир и за зачувување на спокојот на граѓаните.
Ова беше еден од заклучоците на денешната средба со инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина. Овие средби се во насока на продолжување на моите заложби за трајно решавање на барањето на граѓаните на населбата Капиштец за намалување на бучавата од кафулињата.
Сите алки во системот може да придонесат во решавањето на потребите на граѓаните и спроведувањето на високите стандарди кои сите бизниси мора да ги почитуваат.
Координираниот пристап неминовно ќе даде и позитивни резултати. И во иднина продолжуваме со ваквите состаноци за граѓаните да знаат дека институциите работат за нив.