Јавен повик|

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Центар-Скопје, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2024 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Грижа за секое дете“ за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување на град Скопје.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на  работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица активни баратели на работа .

 

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; самохрани родители и жртви на семејно насилство.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

 

Работно место 1:

ВОСПИТУВАЧ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Позиции за работно место 1: 4

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: за ниво В3 – воспитувач на деца над две години возраст до шест години возраст, односно од поаѓање во основно училиште (дипломиран професор по предучилишно вопситание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог), со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен и воспитувач за престој на деца на дозраст од шест горини, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст (дипломиран професор по предучилишно воспитание, диполомиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог), со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или лице со завршени студии за одделенска настава VII/1 степен и да се со важечка лиценца за воспитувач или со поднесено барање за стекнување/продолжување/обновување на лиценца за работа како воспитувач; со или без работно искуство

 

Работно место 2:

НЕГУВАТЕЛ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Позиции за работно место 2: 4

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: За ниво Д4 – четиригодишно средно училиште: средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште, средно фискултурно училиште, важечка лиценца за негувател или со поднесено барање за стекнување/продолжување/обновување на лиценца за работа како негувател; со или без работно искуство

 

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување на град Скопје во периодот од 05.08.2024 година до 19.08.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Oпштина Центар-Скопје и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Oпштина Центар-Скопје кај лицето Елена Чалческа Ташаминова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување-Центар за вработување на град Скопје, кај лицето Никола Ѓуровски,  Центар за социјална работа-Центар, кај лицето Жанина Петров.

ГРИЖА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Comments are closed.

Close Search Window