Активности|

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 63 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 29.7. до 4.8.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 63 непрописно паркирани возила на теритотијата на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Comments are closed.

Close Search Window