Активности|

Вработени од комуналното претпријатие ЈП ПОЦ со цистерната на Општина Центар помага во гаснење на пожарот на Јасен. На шумскиот резерват гори борова шума повеќе од 20-на дена при што изгоре значителна површина шума.

 Солидарноста и поддршката за институциите во моментов е од огромно значење. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски апелира за крајно внимателно однесување и почитување на правилата од институциите.

 „Од почетокот на кризата со пожарите, Општина Центар дава постојана поддршка на ЦУК и ги става на располагање сите расположливи капацитети. Нашите вработени даваат логистичка поддршка и доброволно учествуваат во гаснењето на пожарите. Сите мора да бидеме свесни колку е значајно во оваа криза да ги заштитиме шумите и природата, но и да го спречиме ризикот за животот и имотите на граѓаните. Затоа апелирам и граѓаните да бидат максимално свесни за сопствените постапки и да ги почитуваат пропишаните правила на институциите за движење во шумите“, порачува Герасимовски.

 Претходно општината организираше итен координативен состанок со општинскиот Штаб за заштита и спасување и претставник на Центарот за управување со кризи. Во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен, Општина Центар преку општествено одговорни компании обезбеди донации на вода и освежителни пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите што интервенираат.

Comments are closed.

Close Search Window