На денешната панел конференција во организација на Хајделберг факултетот во Скопје, имав можност со своите колеги градоначалници да разменам искуства и размислувања за процесот на фискалната децентрализација и партнерството на локалната самоуправа со централната власт.
Општина Центар ги има сите три основи за успешна фискална децентрализација, фискален капацитет, финансиска дисциплина и транспарентност со отчетност.
Во добра финасиска кондиција сме, имаме одлична наплата на приходи, висока транспарентност и соработка со жителите кои активно учествуваат во донесување на буџетот преку Буџетскиот форум и преку интернет алатката Мој буџет.
Ваквите економски перформанси и резултати треба да бидат приоритет при одобрување на средствата од државниот буџет за капиталните проекти во општината.