Врз основа на член 22, став 1, точка 7, член 50, став 1, точка 16 од Законот за локалната самоуправа (,Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02), член 36 од Статутот на Општина Центар-Скопје (,,Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.01/06; 12/15; 9/19; 14/19; 1/21 и 11/21), точка 2 од Програмата за социјална,здравствена заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2024 година (,,Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.18/23) и Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бp.8/24), Градоначалникот на Oпштина Центар-Скопје, објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за доделување субвенција за Проектот Сервис за стари лица
Onштина Центар-Скопје ќе започне со примање на Барање за проектот Сервис за стари лица -,,Центар ce грижи за возрасните” почнувајќи од 29.8.2024 година и ќе трае до 4.9.2024 година.
- Pеaлизацијата на Проектот ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.
- Kpитериуми:
-Да е жител на Општина Центар-Скопје;
– Да е на возраст над 62 години;
– Да е корисник на пензија или да е корисник на социјална помош;
-Висината на пензијата или социјалната помош не смее да надминува 35.000,00 денари месечно;
– Корисникот на субвенцијата може да биде само еден (1) член од една семејна заедница(исклучок од ова може да биде само доколку се приложи извештај за специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второто лице).
- Ce повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат Барање во Архивата на Општина Центар-Скопјe.
- Заедно со Барањето во Архивата треба да поднесат:
- Фотокопија од лична картa;
- Фотокопија од потврда за примена пензија од последните два (2) месеци или потврда издадена од надлежна институција дека лицето е корисник на социјална помош;
- Фотокопија од медицинска документација за здравствената состојба, не постара од eднa (1) година.
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ