Совет|

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општинa Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесено е  Решение за свикување на 40. седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 11.9.2024 година /среда/, со почеток во 12.30 часот.

 

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

 

 

1.Предлог-решение за измена на Решението за избор на

    Претседател и на членови на Комисијата за мандатни

    прашања, избори и именувања.

 

2. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател

    и на членови на Комисијата за образование.

 

3. Предлог-решение за измена на Решението за избор на претседател и на членови на Комисијата за финансирање и буџет.

 

4.  Предлог-решение за измена на Решението за избор на

     Претседател и на членови на Комисијата за комунални работи

     и заштита на животната средина и природата.

 

  5.Предлог-решение за измена на Решението за избор на

    претседател и на членови на Комисијата за еднакви

    можности на жените и мажите.

 

 6.Предлог-решение за измена на Решението за избор на

 претседател и на членови на Комисијата за програма за

 работа на Советот.

 

7.Предлог-решение за разрешување на претставникот нa Општина Центар-Скопје од член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Киро

Глигоров“-Скопје.

 

8. Предлог-решение за именување претставник на Општина  Центар-Скопје за член во Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Киро Глигоров“-

Скопје.

 

9. Предлог-решение за разрешување член на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

10. Предлог-решение за именување член на Надзорниот одбор

на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на

Општина Центар-Скопје.

 

11. Предлог-решение за именување член во Управниот одбор

        на Јавната установа за деца – детска градинка на Општина

        Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје,предложен

        од Министерство за труд и социјална политика.

 

  1. Предлог-решение за именување член во Управниот одбор

        на Јавната установа за деца – детска градинка на Општина

        Центар „Кочо Рацин“-Скопје, предложен од Министерствоза

        труд и социјална политика.

 

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за

        работа на Јавната установа за деца Детска градинка на

        Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје, за

        период 2023/2024 година.

 

  1. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за

        работа на Јавната установа за деца Детска градинка на

        Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје, за период

        2023/2024 година.

 

  1.  Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за

         работа на Јавната установа за деца Детска градинка на

         Општина Центар „13 Ноември“-Скопје, за период

         2023/2024 година.

 

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план

         за вработување во 2025 година на Јавната установа за деца

         Детска градинка на Општина Центар-Скопје „Раде Јовчевски

         Корчагин“-Скопје.

 

17.Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во 2025 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општинa

Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје.

 

18. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за  вработување во 2025 година на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина

Центар-Скопје „13 Ноември“-Скопје.

 

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план

        за вработување за 2025 година, бр. 04-2536/1 од 30.8.2024

        година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта

       „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот

        план за вработување за 2025 година на Општина Центар-Скопје.

 

  1.  Предлог-одлука за давање на времено користење на

         деловен простор во сопственост на на Општина Центар-Скопје

         на  спортски федерации.

 

  1.  Предлог-одлука за издавање под закуп на деловен простор

        во катната гаража „Судска палата“.

 

  1.  Предлог-одлука за давање на користење на спортските

        сали на општинските основни училишта на територијата на

        Општина Центар-Скопје без надоместок на КК „Работнички“

        АД Скопје во учебната 2024/2025 година.

 

  1.  Предлог-одлука  за проширување на средствата во Буџетот на

        Општина Центар-Скопје за 2024 година.

 

  1.  Предлог план за измена на Планот на програми за развој за

         период 2023-2025 година на Општина Центар-Скопје.

 

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на

        Програмата за урбано планирање „Ф“ на Општина Центар-Скопје

        за 2024 година.

 

  27.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на

         Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје

        за  2024 година.

28.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на

       Програмата за заштита на животната средина на Општина

       Центар-Скопје за 2024 година.

 

29.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на

       Програмата за реконструкција и санација на основни училишта

       и детски градинки на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

30.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на

       Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца

       на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

31.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на

       Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2024

      година.

32.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на

       Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за

       2024 година.

 

33.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на

       Програмата за локален економски развој на Општина Центар-

       Скопје за 2024 година.

 

  1.  Разгледување на Полугодишниот извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

 

  1.  Предлог-одлука за прифаќање донација од ХЕЛВЕТАС Швајцарска Интеркооперација од Швајцарија подружница Скопје.

 

  1.  Предлог-одлука за донирање на финансиски средства на

        „Македонска православна епархија за Европа“ за изградба на

        црква во Берлин, СР Германија.

 

  1.  Предлог-одлука за донесување на урбанистички проект со план

         за парцелација за спојување на гп 1.02 и гп 1.03 од изменување и

         дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2,

        Општина Центар-Скопје.

 

  1.  Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план

         на парцелација за гп 10.02 и гп 10.03 од изменување и

         дополнување на Детален и урбанистички план

        Буњаковец 2, Општина Центар-Скопје.

 

 

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација.

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ 

  

 

Comments are closed.

Close Search Window