Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 05/02), и точка 4.18 од Програмата за култура за 2024 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 18/23), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
О Г Л А С
за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2024/2025 година
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VII, VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.
I Услови за доделување стипендија
Кандидатите да се редовни ученици во VII, VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје.
II Критериуми за доделување стипендија
Освоени награди од областа на културата (сите видови на уметност) во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година:
- прво место општински натпревар (1 бод);
- прво место регионален натпревар (1,5 бода);
- прво место државен натпревар (2 бода);
- прво или второ место меѓународен натпревар (3 бода или 2,5 бода);
- добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
- се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
- право на разгледување имаат само дипломи од лиценцирани организатори на натпревари.
III Потребни документи
Со барањето кандидатот треба да достави:
- потврда од училиштето дека е редовен ученик;
- биографија;
- контакт телефон на родител-старател;
- фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на културата од последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година.
IV Висина на стипендијата и рангирање
- Стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;
- За освоени од пет (5) до четириесет (40) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;
- За освоени повеќе од четириесет (40) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари.
V Начин на пријавување
Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје“.
Пријавите ги разгледува и по нив одлучува општинската комисија формирана за овој Оглас.
VI Рок за поднесување документи
Краен рок за поднесување документи е 24.9.2024 година.
Нема да се разгледуваат документи што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.
- Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
- Комисијата го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години, односно се вреднува успехот постигнат од 1.9.2021 година.
VII Решенија за стипендии според одлука на Комисијата
Општина Центар-Скопје има цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите. Во согласност со одлуката на Комисијата за спроведување постапка за доделување стипендии, градоначалникот донесува решенија. Доколку од некое училиште нема ученик што целосно ги исполнува критериумите и условите, Комисијата избира ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања и својата одлука за тоа му ја доставува на градоначалникот за донесување решение.