Активности|

Општина Центар и училиштето „Ј. Х. Песталоци“ вечерва беа домаќини на првата едукативна работилница на тема врсничко насилство организирана во рамки на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на Макпетрол, посветена на едукација на родителите.

Работилницата беше од отворен карактер, а ја водеа психолог Деспина Стојановска и популарниот актер Сашко Коцев, а поддршка беа и Елена Петровска, психолог во основното училиште Ј. Х. Песталоци и Сузана Аврамовска, педагог во основното училиште Гоце Делчев.

Родителите имаа можност да споделат лични искуства, да се едуцираат и информираат како да препознаат и да се справат со одредени ситуации кога е во прашање булингот.

Имавме искрена и продуктивна дискусија, во која сите ние како родители се согласивме дека треба да бидеме постојано будни и да разговараме отворено со децата. Да не ги затвораме очите туку навремено да бараме помош и поддршка од училиштето и од стручните служби.

Општина Центар веќе одреден период работи на препознавање и превенција на булингот преку едукативни обуки и работилници кај наставниот кадар и учениците. Со оваа работилница нашата цел е да испратиме порака да се искористи моќта на зборовите во позитен правец за да создадеме подобар свет за нас и нашите деца.

Comments are closed.

Close Search Window