Активности, Спорт и млади|

Детската недела ја завршивме во спортски дух и „Игри без граници“.

Учениците се натпреваруваа во тимски спортови, а гостин на настанот беше Жарко Батиќ, лиценциран тренер за кросфит.

Преку мини тренинг децата се запознаа со оваа модерна програма за вежбање, овојпат специјално прилагодена за детска возраст.

Вежбите беа забавни, динамични и функционални, а како што објасни тренерот, нивна цел е да се развијат физичките способности кај децата, самодовербата, тимската соработка и здравите животни навики.

Општина Центар посветено работи на развивање на училиштниот спорт како клучен фактор за правилниот раст и развој на децата.

Comments are closed.

Close Search Window