Совет|

Со неизмерно жалење ја споделуваме веста за прераната смрт на нашиот сакан и ценет советник Игор Лазарев.

Советот на Општина Центар изразува најдлабоко сочувство кон семејството, пријателите и најблиските на Игор во овој тежок момент. Неговото прерано заминување ќе остави неизбришлива празнина во нашите срца и во нашата заедница.
Неговите придонеси одбележани со мудрост, креативност и верба во правичноста ќе недостасуваат на седниците на Советот.

Почивај во мир драг наш колега Игор.

Во чест на Игор Лазарев ќе биде организирана комеморативна седница и заедно со неговите сопартијци, колеги и пријатели ќе му оддадеме почит и последен поздрав.

Совет на Општина Центар

Comments are closed.

Close Search Window