Ги слушаме граѓанските предлози и заедно го креираме на буџетот за 2025 година. Вчера вечер помина првата сесија на Буџетскиот форум и граѓаните предложија:
• Реконструкција на улицата „50 Дивизија”,
• Целосна реконструкција на паркингот кај Дом на градежници,
• Реновирање на патеката од ул. „Даме Груев“ до Палома Бјанка,
• Обезбедување безбедни коридори до училиштата и градинките,
• Воведување униформи за учениците,
• Хуманитарни паркинзи, каде средствата од паркирањето ќе бидат наменети за хумани цели,
• Посилен надзор врз детските игралишта, мерачи за бучавата, воведување комунална полиција.
На средбата градоначалникот Горан Герасимовски потсети на досега сработеното, но и за она што е на повидок, а тоа е реконструкција на салата Работнички и на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“ како и новата општинска зграда и нови 300 паркинг места на парцелата!
Вашите идеи се важни!
Ве повикуваме да продолжите да учествувате во оваа дискусија и да го обликувате буџетот за 2025 година заедно со нас. Заедно можеме да изградиме подобра иднина.