Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Центар аплицираше со барање за финансирање на еден под-проекти:
- „ Реконструкција, спроведување на мерки за енергетска ефикасност во ООУ “Св. Кирил и Методиј“, Центар – Скопје
Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беа подготвени документи “План за управување со животна средина и социјални работи” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектите. Овие документи се поставени за јавен увид на официјалните веб страници на:
Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа – finance.gov.mk) и на:
Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/ на 28.10.2024 година.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документите на веб страниците, преку пополнување на формуларот кој е достапен на следниот линк:
Формулар за поднесување коментари за ПУЖССА на подпроекти на општините
Контролна листа со мерки за ЖССА – ООУ “Св. Кирил и Методиј“, центар – Скопје
Во текот на периодот наменет за јавни консултации за ПУЖССР, ќе се одржи и јавна расправа за документите, на 31.10.2024 (четврток) со почеток во 10.00 часот во Наставничка канцеларија при ООУ “Св. Кирил и Методиј“, Центар – Скопје, со следниот дневен ред:
- Воведен збор на претставник од Единицата за спроведување на проектот при Министерство за финансии за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (претставник од ЕСП/МФ) – 10 минути
- Краток осврт на проектните активности од страна на консултантскиот тим за изработка на техничката документација (Заедничко вложување Инком инженеринг ДООЕЛ Скопје и ТП АНТЕВСКА Куманово) – 10 минути
- Информација за намерата за задолжување на општината преку ПСЕЕП (претставник од општината) – 10 минути
- Краток осврт на документите “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (претставник од консултантскиот тим за изработка на техничката документација) – 20 минути
- Дискусија.
Датум на објава: 28.10.2024
Министерството за финансии
Единица за спроведување на проектот