Образование, Стипендии|

Денеска на гости во кабинетот на градоначалникот на Општина Центар беа талентирани и посветени ученици од основните училишта на Општина Центар.

Градоначалникот ги покани за да им врачи решенија за стипендии, наменети за деца од семејства со социјален ризик.

Овие ученици не се избрани поради нивната материјална состојба, туку поради трудот и постигнувањата што ги покажуваат.

Се надеваме дека стипендиите од 3.000 денари месечно ќе им бидат од корист и ќе им бидат од помош во домашниот буџет.

Покрај решенијата за стипендиите, вкупно осум, им подготвивме и шаховски табли, книги и училиштен прибор, со желба овие подароци да бидат поддршка во нивното учење и развој.

Comments are closed.

Close Search Window