Општина Центар додели стипендии за талентирани ученици од основните училишта од областа на културата
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им ги врачи решенијата за стипендии на талентираните ученици од основните училишта во областа на културата за учебната 2024/25 година.
По тој повод, во креативниот амбиент на КСП Центар – Јадро се одржа свечена приредба на која младите таленти покажаа што знаат и умеат, изведувајќи уметнички точки од својот репертоар.
Честитајќи им на стипендистите, Герасимовски изрази надеж дека оваа поддршка ќе ги поттикне на нови натпревари и успеси.
„Општина Центар ќе продолжи да вложува во младите таленти. Овие ученици се наши амбасадори и наш бренд кој не претставува на државната, европска и светска сцена. Им посакувам да продолжат на тој успешен пат “, истакна Герасимовски.
Според објавените критериуми во огласот, вкупно 46 ученици ги исполнуваат условите, од кои 41 ученик ќе добиваат стипендија од 2.500,00 денари месечно, а 5 ученици ќе добиваат по 3.000,00 денари месечно за осум месеци (октомври-мај) во текот на учебната година. Наградените учениците се избрани поради високите резултати што ги постигнале на градските и републички, но и на многу интернационални натпревари.
На годинешниот оглас за стипендии се пријавиле 53 ученици, што сведочи за зголемениот интерес и успешност на овој проект на Општина Центар за развивањето на талентот кај младите.