Младинскиот центар-Матично денеска беше исполнет со многу младешка енергија, креативност и дружење!
На работилниците што ги организиравме по повод Денот на Општината, младите имаа можност да се запознаат со различни уметнички дисциплини, да разменат искуства и да се инспирираат во пријатен и опуштен амбиент.
Под водство на Доротеј Нешовски, тие ги истражуваа тајните на уметноста, Мишо Савиќевиќ ги водеше низ светот на фотографијата, додека Методија Атанасовски го обои настанот со звуците на гитарата, создавајќи одлична музичка атмосфера.
Младите се носители на креативноста и прогресот, и затоа е важно да го негуваме тој дух и енергија.
Со наша поддршка сакаме да ги поттикнеме да ја пронајдат својата страст, да се развиваат и надоградуваат.