Совет|

Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), се донесува:                                       

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на 41. седница на Советот на Општина Центар-Скопје

 

 

Усвојување на Записник од 39. седница  и Записник од 40. Седница на Советот.

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Предлог-решение за престанок на мандат на член на Советот

на Општина Центар-Скопје.

 

2. Предлог-одлука за усвојување Годишната програма за работа

на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина

Центар „Кочо Рацин“-Скопје за период 2024-2025 година

 

3. Предлог-одлука за усвојување Годишната програма за работа

на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина

Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје за период

2024-2025 година.

 

4. Предлог-одлука за усвојување Годишната програма за работа

на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина

Центар „13 Ноември“-Скопје за период 2024-2025 година.

 

5. Предлог-одлука за ослободување од партиципација на децата

Роми во предучилишното образование на подрачјето на

Општина Центар-Скопјe.

 

6. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополнување

на Годишниот план за вработување во 2024 година бр. 01-255/1

од 19.9.2024 година на Јавната установа за деца Детска градинка

на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје

 

7. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/53

од 17.9.2024 година за усвојување на Кварталниот извештај

за работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта

„Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период април-јуни

2024 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие

за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

8. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/56

од 17.9.2024 година за усвојување на шестмесечен извештај

за работата на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта

„Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје  за период јануари-јуни

2024 година со финансиски извештај донесена од Управниот

одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта

„Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

9. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/61

од 17.9.2024 година за усвојување на Одлуката за организација

и начин на наплата на јавните паркиралишта од значење за

Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни

паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена

од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни

паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/63

од 17.9.2024 година, за усвојување на Правилникот за користење

на јавните паркиралишта од значење на Општина Центар-Скопје,

донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни

паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

10. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/65

од 17.9.2024 година за усвојување на Правилникот за начинот

и постапката за издавање на повластена паркинг карта за

јавните паркиралишта со наплата, донесена од Управниот одбор

на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на

Општина Центар-Скопје.

 

11. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/67

од 17.9.202 година за усвојување Ценовник на услуги и на

надоместоци на јавните паркиралишта со кои управува Јавното

претпријатие „Паркинзи“, донесена од Управниот одбор на

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на

Општина Центар-Скопје.

 

  1.  Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/75

од 15.10.2024 година за измена на финансиски план за

2024 година на на Јавното претпријатие за јавни

паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје,

донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за

јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

12. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/80

од 15.10.2024 година за усвојување на Програма за ангажирање

на лица за вршење на јавни работи за надзор и контрола за

јавните паркиралишта на јавното претпријатие за јавни

паркиралишта „“Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за 2024

година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие

за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

 

13. Предлог-одлука за прифаќање донација од ЕВН Македонија

АД Скопје.

 

14. Предлог-одлука за прифаќање донација од родители на

деца од Јавна установа за деца-Детска градинка на

Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“ објект „Наум

Наумовски Борче“.

 

15. Предлог-одлука за донесување/недонесување на План за

парцелација од Урбанистички  проект со план за парцелација

за ГП 10.02 и ГП 10.03 од Изменување и дополнување на

Детален урбанистички план Буњаковец 2, Општина Центар.

 

16. Предлог-одлука за донесување Техничка исправка на

Блок 11 во Изменување и дополнување на Детален урбанистички

план Градска четврт Дебар Маало 1, Општина Центар- Скопје,

донесен со Одлука бр.07-9816/4 од 21.12.2012 година

 

17. Предлог-одлука за донесување Техничка исправка за улица

„Црниче“-3 во Детален урбанистички план за градска четврт

Ј 06-дел од локалитет Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2,

плански период 2016-2021, Општина Центар-Скопје (одлука

бр.08-5980/6 од 10.12.2019 год.)

 

18.  Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 2.3

во ДУП Градска четврт Ц 04-Дом на градежници, Општина

Центар-Скопје.

 

19. Предлог-одлука за донесување Техничка исправка за ГП 10.4 во

Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од

локалитет „Буњаковец 1“ УМ1, УМ2, УМ3, УМ4, УМ5, УМ6, УМ8,

УМ9, УМ10, УМ11, УМ12, УМ13, УМ14, УМ15, УМ18, УМ19, УМ20,

УМ21, УМ22, УМ23, Општина Центар-Скопје.

 

20. Предлог-одлука за доделување финансиски средства на

Карате клуб „Цветан Димов“.

 

21. Предлог-одлука за давање на трајно користење на деловен

простор во сопственост на Општина Центар-Скопје на

Движењето на екологистите на Mакедонија.

 

22. Предлог-одлука за давање согласност за кофинансисрање на

проектот за пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“.

 

23. Предлог-одлука за доделување на Годишна награда на Општина

Центар „Феникс“ 2024 година.

 

24. Предлог-план на програми за развој за период 2025-2027 година

на Општина Центар-Скопје.

 

25.  Предлог-програма за измени и дополнувања на Програматата

Ф за урбано планирање на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

 

26. Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за

комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

 

27. Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за

заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје

за 2024 година.

 

28. Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за

реконструкција и  санација на основните училишта на Oпштина

Центар-Скопје за 2024 година.

 

29. Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за

здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина

Центар-Скопје за 2024 година.

 

30. Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за

образование на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

 

31. Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за

култура на Општина Центар-Скопје за 2024 година.

 

32. Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за

спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2024 година

 

33. Предлог-програма за измени и дополнувања на Програмата за

локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2024

година.

 

34. Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина

Центар-Скопје за 2024 година.

 

35. Предлог-одлука за измена на Одлуката за извршување

на Буџетот на Општина Центѕар-Скопје за 2024 година.

 

Седницата ќе се одржи на 8.11.2024 година /петок/, со почеток во 12:00 часот во салата на Советот, во барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments are closed.

Close Search Window