Ни беше навистина драго да видиме толку многу млади пред Општината, подготвени да ги покажат своите идеи и иницијативи! На 15 штандови, младинските организации ги претставија своите минати и тековни проекти, овозможувајќи увид во нивниот активизам и ангажман за заедницата.
Саемот воедно беше одлична прилика за запознавање и вмрежување на организациите, зајакнување на соработката на локално ниво и создавање потенцијал за идни заеднички активности.
Младите ја искористија оваа можност да разменат материјали и споделат искуства, а ние, како добри домаќини, ги почестивме со кафе и колачиња подготвени специјално за Денот на општината.
Им благодариме на сите младински организации кои се одзваа на нашата покана и учествуваа на овој саем. Соработката со младите носи свежа енергија и секогаш е добредојдена во развојот на општинските политики.