Активности|

Со голема радост го споделуваме успехот на хуманитарниот настан што го организираа родителите од нашата градинка ,,Наум Наумовски Борче”. Под мотото „Мали чекори, големи дела – Родителите пример за децата“, настанот помина во духот на заедништвото и забавата, а истовремено успеавме да собереме средства за разубавување на дворот од градинката.

Со многу љубов и ентузијазам, уживавме во активностите кои ги зближија децата и родителите, потсетувајќи нè дека секој од нас може да биде пример за следните генерации. Ви благодариме што бев дел од оваа иницијатива и што ја покажавте својата поддршка за подобра средина за нашите деца.

Остануваме посветени кон создавање поубави градинки за нашите најмили!

Comments are closed.

Close Search Window