Активности|

Општина Центар, беше домаќин на група експерти од енергетскиот сектор, бизнисот, науката и граѓанските организации од Шпанија, Италија, Чешка, Белгија и Холандија.

Македонските и странските експерти ја посетија новата градинка Пролет, како пример за енергетски ефикасна фасада и основното училиште Киро Глигоров, каде што трговското друштво Енергија Центар за првпат постави фотоволтаични панели на покривот, со што обезбедивме подобар развој на дечињата, почиста и одржлива енергија, но и нови можности за економски раст. Не радува фактот што сме препознаени како позитивен пример за социо-еколошка трансформација на локално ниво.

Се надеваме дека позитивните искуства од Центар ќе ги имплементираат и останатите колеги градоначалници. Кога граѓаните се во прашање мораме да го дадеме нашиот максимум кон подобрување на квалитетот на живот.

 

Comments are closed.

Close Search Window