Активности|

Дијабетесот не избира ниту пол, ниту возраст и затоа важно е превентивно да делуваме! Денешниот Светски ден на дијабетес го одбележавме со бесплатно мерење на шеќер во крвта и со едукација за одржување на добро здравје.

Редовните лекарски контроли, здравата исхрана и физичката активност се клучни за заштита од секое заболување. Превенцијата е половина здравје, а раното откривање на дијабетес помага да се спречат понатамошни компликации.

Секогаш ќе ги поддржуваме иницијативите во кои се подигнува свеста за подобро здравје. Успешна општина е таа во која граѓаните се здрави и среќни, а грижата е приоритет.

Благодарност до Црвениот Крст ОО Центар и Здружението на дијабетичари ЗД Мост Скопје за реализирање на оваа активност.

Comments are closed.

Close Search Window