Образование|

Учениците од четврто одделение од ООУ „ Димитар Милладинов“ денеска ја посетија Општина Центар и одржавме супер час по локална самоуправа. Низ интерактивна дискусија се запознаа со функционирањето на Советот.

На прашањето што сакаат да бидат кога ќе пораснат, слушнавме многу интересни одговори за докторка, адвокат, наставничка, но и за градоначалник кој што ќе работи етички во интерес на граѓаните.

Една ученичка имаше желба да гледаат во живо како се одвива една седница на Совет и како се гласаат проектите за унапредување на општината.

 

Comments are closed.

Close Search Window