1.Предмет на Јавниот повик:
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2024 година, а со цел културно и забавно анимирање на жителите по повод новогодишните празници, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Вечер под ѕвездите“. Во рамките на проектот предвидено е да се организира предновогодишно дружење и настани со кои ќе се обележи завршувањето на годината. Програмата на настанот треба да го изрази културниот и уметничкиот потенцијал на Општината, како и да овозможи забавни содржини за сите возрасни категории.
Овој Јавен повик се објавува на огласната табла и на веб-страницата на Општина Центар – Скопје https://www.centar.gov.mk/
2.Услови за пријавување:
2.1. Право на учество: На овој повик можат да се пријават сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти што делуваат во полето на културата и уметноста и се со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализира проектот „Вечер под ѕвездите“ до крајот на декември 2024 година.
2.2. Критериуми: Сите здруженија, организации и правни субјекти треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– да се регистрирани како здружение, организација или правен субјект од областа на културата со седиште во Општина Центар-Скопје
– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година
– да поседуваат Статут и Решение за регистрација на здружението, организацијата или правниот субјект
– да имаат најмалку една година работно искуство во културата
3.3 Потребна документација за пријавување на Јавнот повик:
– пополнета пријава со краток опис и агенда за настанот
– портфолио на здружението, организацијата или правниот субјект
– биографија на лицата, односно изведувачите вклучени во проектот
– референтна листа
– финансиска конструкција за средствата потребни за реализација на проектот
– активна трансакциска сметка на субјектите што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства
– Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци.
4.Комисија за евалуација и критериуми:
Поднесените пријави по објавениот повик ќе ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот од редот на администрацијата. Критериумите за избор на пријавените кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Центар се оригиналност на идејата, референците и портфолиото на субјектите и прифатливост на финансиската конструкција за организација на настанот.
5.Начин и рок на поднесување на пријавата:
Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.
Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:
Општина Центар-Скопје
ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје
или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.
Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Проектите поддржани со овој Јавен повик се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар –Скопје за 2024 година. Износот на финансиската подршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината. Вкупните средства за проектот 4.12 „Вечер под ѕвездите“ наменети за финансиска поддршка на здруженија, организации и правни субјекти од сферата на културата и уметноста за 2024 година изнесуваат 300.000,00 денари. Учесниците на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.
Напомена: Пријавата за финансиска поддршка ќе биде достапна на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).
Пријавите со нецелосна документација, пријавите пополнети на несоодветен образец или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Пријава за јавен повик Вечер под ѕвездите
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ