Образование|

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска беше домаќин на стотина ученици од четврто одделение од ООУ „Киро Глигоров“ кадешто во улога на наставник, Герасимовски и дечињата оддржаа час по локална самоуправа.

На овој едукативен час, градоначалникот Герасимовски ги запозна четвртоодделенците со неговата работа како градоначалник, работата на локалната самоуправа и тековните активности, кои се органите на Општината, како функционира Советот на локалната самоуправа и слични други прашања.

„Кога утрото почнува со насмевките на најмалите тогаш денот е поубав и попродуктивен! Денеска бев учител по час за локална самоуправа на учениците од основното училиште Киро Глигоров. Морам да признаам тие поставуваа доста креативни и слатки прашања. Се радувам што имаме паметни, квалитетни и добри дечиња кои ќе бидат нашата гордост во иднина”, истакнува Герасимовски.

Comments are closed.

Close Search Window