Образование|

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки по повод Светскиот ден на детето, 20 Ноември, датум утврден во 1989 година кога е усвоена Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата.

„Светот што го создаваме денеска за децата е свет што ќе го наследат. Да создадеме свет во кој децата ќе растат со многу љубов, грижа и поубави можности. Среќата и насмевките на дечињата се наш главен приоритет во Општина Центар. Нека е честит Светскиот ден на детето!”, истакнува Герасимовски.

Во изминатите неколку години, Општина Центар ги подобри условите во градинките и основните училишта со цел дечињата да имаат поубави услови за престој во градинка и училиште, а вработените подостоинствени услови за работа.

„Покрај унапредувањето на условите во градинките и училиштата, пред неколку денови поставивме и фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на пет основни училишта за поголема безбедност на најмалите во сообраќајот. Поставуваме нови реквизити на детските игралишта за дечињата да се забавуваат и другаруваат со другарчињата. Продолжуваме за вложуваме во развојот на децата”, вели Герасимовски.

 

Comments are closed.

Close Search Window