Јавен повик|

Општина Центар-Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар–Скопје, за купување на велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри и звонче (Закон за безбедност во сообраќајот-на патиштата–Член 86); безбедна сајла, катанец и сл., во 2024 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје за 2024 година (”Службен гласник на Општина Центар-Скопје” број 18/23 и 11/2024), Општина Центар-Скопје се грижи за почиста животна средина и помал сообраќаен метеж – Полесно до нов велосипед, е-велосипед, е-тротинет и дополнителна опрема за  велосипед, е-велосипед и е-тротинет!

Јавниот повик е отворен од 26.11.2024 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар-Скопје, односно до 31.12.2024 година по принципот ,,прв дојден, прв услужен”.

Со Јавниот повик ,,Цел Центар на точак”, Општина Центар-Скопје ќе се субвенционираат полнолетни жители на општината со 30% од цената, но најмногу до 3.000,00 денари за купен нов велосипед, е-велосипед и е-тротинет дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-тротинет, односно детско седиште, кацига, светло, катадиоптри и звонче,  (Закон за безбедност во сообраќајот-на патиштата-Член 86); безбедна сајла, катанец, и сл., но најмногу до 1.000,00 денари почнувајќи од 01.06.2024 година, при што е потребно да се достават следните документи:

  • Барање за субвенција за купување на дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-торитинет (достапно е во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака бр.6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје gov.mk.)
  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Фискална сметка во оригинал.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар- Скопје, барака бр.6, од 09:00 часот до 15:00 часот, почнувајќи од денот на објавување на јавниот повик (26 ноември). По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.

Барање за субвенција за дополнителна опрема

 

 

Comments are closed.

Close Search Window