Активности|

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска лично им врачи решенија за еднократна парична помош на 100 семејства кои имаат новороденче. Еднократната парична помош којашто редовно Општина Центар ја доделува е во висина од 7.000 денари.

Герасимовски потенцираше дека Општина Центар вложува многу во растот и развојот на децата.

„Децата се нашето богатство и наша иднина, затоа и јас како градоначалник и ние како општина вложуваме многу во нивниот раст и развој. Посветуваме посебно внимание во нивен квалитетен развој, но и во поминување на нивните школски денови. Ги подобруваме условите со цел да им овозможиме достоинствен престој во градинките и во основните училишта. Упатувам благодарност до општествено одговорните компании за соработката. Радувајте се секојдневно на вашите најмали, затоа што они се и нашата светла иднина“, рече Герасимовски.

Покрај финансиските средства, новите родители добија и пакет педијатриски производи и услуги од општествено одговорните компании Жан Митрев, Mollers, Веледа, Хип, Европа лек фарма и Би-МЕК.

Општина Центар продолжува да инвестира и да се грижи за најмладите.

 

Comments are closed.

Close Search Window