Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), се донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 42. седница на Советот на Општина Центар-Скопје
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-решение за верификација на мандат на член
на Советот на Општина Центар-Скопје.
2. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/87 од
19.11.2024 година за усвојување на Кварталниот извештај за
работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“
на Општина Центар-Скопје за период јули-септември 2024 година,
донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
3. Предлог-одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување
на Буџетот на Општина Центар-Скопје за извештајниот период
(кумулативно) за квартал од 1.1.2024 до 30.9.2024 година.
4.Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за
вработување во 2025 година во Општинското основно училиште
„Коле Неделковски“-Скопје.
5.Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижен имот на
Јавна установа за деца-детска градинка на Општина Центар-Скопје
Раде Јовчевски Корчагин, Скопје.
6.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Статутот на ЈУДГ на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје бр. 02-261/3 од 17.10.2024 година, донесена од управниот одбор на детската градинка.
7.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на
функционалната анализа на ЈУДГ на Општина Центар „Раде Јовчевски
Корчагин“-Скопје бр. 02-261/6 од 17.10.2024 година, донесена од
управниот одбор на детската градинка.
8.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на
Правилникот за систематизација на работните места на ЈУДГ на
Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје бр. 02-261/4
од 17.10.2024 година, донесена од управниот одбор на детската
градинка.
9.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на
Правилникот за внатрешна организација на работните места на ЈУДГ
на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје бр. 02-261/5
од 17.10.2024 година, донесена од управниот одбор на детската
градинка.
10. Предлог-одлука за донесување на Стратегија за локален економски
развој на Општина Центар-Скопје за 2024-2028 година.
11.Предлог-одлука за усвојување Локален план за енергија и клима на
Општина Центар-Скопје за период 2023-2027 година.
12. Предлог-одлука за прифаќање донација од Друштво за маркетинг
„ЊУ МОМЕНТ ЊУ ИДЕАС КОМПАНИ“ доо Скопје.
13. Предлог-одлука за доделување финансиски средства заради санирање
штета настаната од пожар.
14.Предлог-одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу
Општина Центар-Скопје и Општина Кисела Вода за вршење работи од
областа на градежната инспекција.
15.Предлог-одлука за донесување/недонесување техничка исправка за
ГП 2.3 во ДУП Градска четврт Ц 04-Дом на градежници, Општина
Центар-Скопје.
16. Нацрт-програма за урбанистичко планирање на Општина Центар-Скопје
за 2025 година.
17. Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште на Општина
Центар-Скопје за 2025 година.
18. Нацрт-програма за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за
2025 година.
19. Нацрт-програма за заштита на животната средина на Општина
Центар-Скопје за 2025 година.
20. Нацрт-програма за реконструкција и санација на основните училишта
на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
21. Нацрт-програма за здравствена, социјална заштита и заштита на
деца на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
22.Нацрт-програма за локален економски развој на Општина Центар-Скопје
за 2025 година.
23. Нацрт-програма за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
24. Нацрт-програма за образование на Општина Центар-Скопје за 2025
година.
25. Нацрт-програма за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за
2025 година.
26. Нацрт-програма за инспекциски работи на Општина Центар-Скопје за
2025 година.
27. Нацрт-буџет на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
Седницата ќе се одржи на 11.12.2024 среда со почеток во 13.00 часот во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација.
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ