Локален економски развој|

Со големо задоволство Ве известуваме дека по успешно завршениот процес на изработка, нашата урбана Општина Центар, сега располага со комплетна и целосна Стратегија за локален економски развој. Оваа стратегија претставува резултат на повеќемесечна  анализа, консултации и експертски труд, со цел да ги идентификуваме најдобрите начини за да ги поттикнеме економскиот раст и развојот на нашата Општина.

Убеден сум дека имаме причина да бидеме горди на успешно завршената работа и верувам дека Стратегијата ќе биде витален инструмент во нашите напори за обезбедување благосостојба и напредок за сите наши сограѓани. Со заеднички сили може да ја пренесеме оваа стратегија во реалност и да ја видиме нашата Општина како просперитетна, иновативна и пријатна за живеење.

Целиот стратегиски документ може да го погледнете на следниов линк:

https://www.centar.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%9B%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-2024-2028.pdf

 

Comments are closed.

Close Search Window