Повторно наградени за „Енергија Центар“, но овој пат сме единствени победници на меѓународно ниво. На ФЕИТ ја примивме меѓународната престижна награда TRANSIT за постигнување и најголем придонес во транзицијата кон обновливи извори на енергија.
Во натпреварот учество зедоа претпријатија од Велика Британија, Шпанија, Кипар, Малта, Хрватска, Црна Гора, Србија и Северна Македонија. Но, единствениот победник на меѓународно ниво е нашата „Енергија Центар“.
Оваа награда е потврда дека сме на правилниот пат кон намалување на зависноста од користењето на фосилни горива и создавање зелени енергетски решенија за нашите центарци.
Продолжуваме да ги поддржуваме иницијативите за унапредување на енергетската транзиција, која е клучна за создавање на еколошки одговорна заедница.