Имавме одлична дискусија со граѓаните за финалниот Буџетски форум. Разгледавме предлози и сугестии, а исто така ги презентиравме нацрт-развојните програми и предвидените капитални проекти.
Транспарентноста и отчетноста се клучни во креирањето на буџетот, а приоритетите и барањата на граѓаните се во центарот на нашето внимание.
Ги претставивме капиталните проекти предвидени во развојната програма:
Изградба на катна гаража во Буњаковец;
Модернизација на јавното осветлување;
Изградба на нова општинска зграда;
Реконструкција на салата Работнички;
Реконструкција на патната инфраструктура во Тасино Чешмиче и Капиштец;
Пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка зона;
Реконструкција на паркингот зад Домот на градежници;
Изградба на парк во Клиничкиот блок.
Гласот на граѓаните се слуша, и сите предложени идеи внимателно ќе ги разгледаме пред да се донесе финалната одлука. Седницата за усвојување на буџетот е закажана за 27 декември.