На седница на Советот го изгласавме буџетот за 2025 година, кој изнесува рекордни 1.086.250.000,00 денари.
Дури 45% средства од буџетот ќе бидат наменети за капиталните проекти, додека останатите 55% ќе се користат за тековно функционирање на Општина Центар.
Ваквите бројки ветуваат развојна програма и значајни капитални проекти.
Во план за 2025 се: реконструкција на спортската сала „Работнички“, нова општинска зграда со подземен паркинг за околу 300 места, реконструкција на улици, модернизација на јавното осветлување, инсталација на фотоволтаични системи во градинки и многу други проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот во општината.
Ги поздравуваме сите советници и администрацијата за поддршката на оваа одлука.
Заедно продолжуваме да градиме подобра и посветена општина за нашите граѓани.