Активности, Култура|

Нокаут и диџеј Александар Јорданов приредија незаборавна журка со многу позитивна енергија, пеење и танцување. Улицата Боемска беше преполна со граѓани од сите генерации – од најмали до највозрасни кои се забавуваа заедно.

Беше прекрасно да се видат толку многу луѓе кои се веселеа на добра македонска музика и во претпразнична атмосфера. На Скопје дефинитивно му се потребни повеќе културни манифестации.

Продолжуваме и во иднина да организираме вакви концерти кои ќе го размрдаат градот и ќе создадат простор за забава, креативност и дружење на сите генерации. Се заблагодаруваме на граѓаните кои синоќа дојдоа и им посакуваме среќни и новогодишни празници.

Се гледаме повторно на концерт.

Comments are closed.

Close Search Window