Активности, Образование|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска беше во посета на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде што со учениците од ова училиште заеднички го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари.

„На Денот на мајчиниот јазик, се сеќаваме на моќта на зборот, на силата што ја носи секоја реченица што ја изговараме. Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција што ги носиме во срцето. Да го чуваме и негуваме! Утрово, со учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” заеднички го одбележавме Меѓународниот ден на мајчинин јазик, 21 февруари со креативна работилница. Упатувам благодарност до сите наставници и до директорката за целиот труд што го вложуваат во здрав развој на нашите деца“, истакна Герасимовски.

Comments are closed.

Close Search Window